Како знаете дека долгата коса е вистински избор за вас, доколку никогаш не сте пробале кратка? Истото важи и за привремените шишки или кадравата и права коса.
Студија на британскиот фризер Ендрју Колинџ покажува дека жените во текот на животот менуваат 104 фризури. Но, додека некои дами секој час ја менуваат бојата на косата, додаваат прамени или се шишаат, други со години се наслонуваат на проверениот „рецепт“. Убедени дека го пронашле стилот кој совршено им одговара, не би го менувале за ништо.
Сепак интернетот нуди начин да проверите како би ви стоела одредена фризура без да се шишате. Оваа интернет страна нуди едноставен начин да ја вметнете својата глава во нечиј лик и да проверите. Обидете се ТУКА.