Доколку имате желба да го посетите родното место на Инките, прекрасната планина Мачу Пикчу, но финансиските неможности ве спречуваат да го остварите својот сон, ова е вистинското видео за вас.
Автор на оваа снимка е Девин Грејхем, кој ја посетил оваа планина во Перу, токму за да привлече што е можно повеќе туристи да ја посетат.
Воедно, по патот до самата цел, тој го овековечил и локалното население како и нивниот начин на живеење и култура.
Меѓу останатото, снимил и дел од Амазонската прашума, која со векови го краси овој регион.