Дождот го изгасна пожарот над Гари

Пожарот на планината Стогово, над селото Гари е изгаснат.

Оган на планината Стогово, над селото Гари

Откако вчера попладне  беше ставен под контрола, големиот пожар на планината Стогово, над дебарското село Гари, е целосно локализиран, потврди за МИА, Џетан Мифтароски, командир на дебарската Територијална противпожарна единица.
 
„Пожарот над селото Гари, на планината Стогово, вчера го ставивме под контрола, а денеска е целосно локализиран. Бидејќи врне дожд нема никаква опасност повторно да се разгори“, изјавил за МИА Џетан Мифтароски, командир на Територијална противпожарна единица на Дебар.

Тој информира дека биле опожарени околу 75 хектари, од кои дел високостеблеста шума.

- Реклама -