Решивме одвреме-навреме да и посветиме простор на стенд-ап комедијата и тоа директно од устите на големите светски мајстори, па по првата, следува и втора доза на хумористични и мудри цитати:
„Луѓето велат, „Mојот телефон е за никаде“. Не, не е! Најлошиот телефон на светот е чудо! Твојот живот, околу телефонот, е оној што е за никаде“. – Луис Си-Кеј
„Никогаш не се сложував со татко ми. Децата во школо ќе дојдеа и ќе ми речеа „Татко ми може да го истепа татко ти“. Јас одговарав „Да? Кога може да дојде?“ – Бил Хикс
„Не постојат несреќи. Господ само сака да остане анонимен“. – Брет Батлер
„Верувам дека постои нешто таму надвор што не гледа и пази. За жал, тоа е владата“. – Вуди Ален
„Да се зборува за музика е како да се танцува за архитектура“. – Стив Мартин