Доза сеир: Студентите на Харвард не знаат кој е главен град на Канада

 

Студент кој пишува за универзитетскиот весник на Харвард, еден од најпрестижните универзитети во светот, одлучил да направи една лесна анкета и да го провери основното (не)знаење по географија кај своите колеги.

На прашањето „Кој е главен град на Канада?“ одговорите се движеле во рамките до не знам, до стварно немам поим. Некои навеле дека тоа е Торонто, Онтарио, Ванкувер, Квебек…

Анкетираните непознавачи набрзо се прославиле и на YouTube.

Видеото за шест дена го имаат видено повеќе од половина милион луѓе. Погледнете ги нивните одговори.

- Реклама -