Доволни се само две минути да го спасите бракот

Честопати сопружниците се премногу зафатени за да поминат заедничко време и да се посветат еден на друг. Секој однос бара да се работи на него и да се гради. Доколку успевате секојдневно да обренете мало внимание на партнерот, ќе видите дека тоа и не е мнгу тешка работа.

„Седнете и двајцата на кревет и свртете се во иста насока. Тоа значи дека еден од двајцата ќе гледа во грбот на другиот. Нека седне вашиот партнер пред вас, а вие зад неговиот грб. Прегрнете го околу половината, прашајте го нешто  и слушајте, само внимателно слушајте“, советува Мишел Винер Давис, автор на книги за бракот.

Споделете ги мислите и чувствата

Со оглед на тоа дека не можете да го видите лицето на партнерот и не можете да говорите, тоа  време кога тој би требало да зборува за она што го сака. Може да ви открие што сте направиле, дали бил повреден, можеби имал успешен ден на работа, или сака да се потсети на некои случувања од минатото… Може и да молчи, а да ве поврзува прегратката. Како и да е, тие минути ќе бидат само ваши. Потоа кажете нешто вие. Комуникацијата е суштинска за бракот. Правете го ова секој ден, макар и дце минути. Останете блиски.

Ова не е предигра

Ова не е предигра, така што водете љубов во некој друг период, сепак, не заборавајте да водите. Суштинско е и двајцата  се уште да се чувствувате посакувано.

 

- Реклама -