Секојденвно доколку поминувате одредено време во природа тоа има позитивно врлијание врз човекот, без разлика на годините. Парковите во градовите се како мали зелени оази и идеални се за ослободување од тензијата со која секојденвно се соочуваме.
Дневно се доволни 20 минути поминати во најблискиот парк за да се чувствувате среќни и задоволни, а притоа да не морате да вежбате. Ова истражување го докажале американските научници.
Истажувањето кое што тие го спровеле укажува на тоа дека парковите на луѓето им овозможуваат да „потонат“ во природата, а тоа носи како физичка така и ментална предност. Се намалува стресот и побрзо се ослободуваме од менталниот замор.
Резултатите од студијата на научниците од американскиот универзитет во Алабама во Бирмингем се објавени во Меѓународниот журнал за истражување на здравјето на животната средина, пренесува N1.
„Посетителите на парковите кои што биле опфатени во истажувањето изјавиле дека по претстојот во природа тие се чувствувале многу подобро, како физички така и ментално“, соопштил водачот на истажувањето Хон К. Јуен. Додавајќи дека тој и колегите откриле дека нивото на физичка активност на учесниците во студијата не е поврзано со подобрување на емоционалната благосостојба.
Авторите на студијата велат дека дури и луѓето кои не се во можност да вежбаат поради постара возраст или инвалидитет, имаат голема корист од престојот во градските паркови.
Повратните информации од стотина испитаници ги натерале научниците да заклучат дека зелените места во урбаните области ја поттикнуваат емоционалната благосостојба и дека се потребни повеќе паркови и зелени места во градовите.
„Лошата работа е што градските власти и инвеститорите ширум светот сè повеќе ги заменуваат зелените места во урбаните области со станбени и трговски згради“, истакна коавторот за студијата Гавин Јенкинс.
„Иако научниците сè повеќе ја посочуваат вредноста на градските паркови и зелените места, за жал, сепак сме сведоци на намалениот број на вакви простори“, додаде Jенкинс.
i.