Музичарот Крис Браун се пријави во клиника за одвикнување од дрога само еден ден откако заврши на суд поради напад.
Крис Браун викендов беше уапсен и обвинет за напад откако во неделата наутро се степа со непознат маж во хотел во близина на Белата куќа.
„Негова цел е да постигне увид во тоа што всушност правел во своето минато за да може да има светла иднина и да живее поздраво без пороци и да ја развива својата кариера“, рекол портпаролот на Крис за E! News.
Браун е на условна слобода од 2009 година поради напад на неговата поранешна девојка, популарната поејачка Ријана, а ново апсење би можело да го ископликува неговиот случај.