Досега ревакцинирани се вкупно 745.415 граѓани

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 2.798 дози вакцини, од кои 745 како прва доза, 1.999 се ревакцинирани, а 54 граѓани примиле трета доза вакцина, соопшти Министерството за здравство.

Заклучно со 7 октомври вкупно се вакцинирани 793.987 граѓани, ревакцинирани се 745.415, а трета доза примиле 625 граѓани. Ревакцинирани се 53 отсто од граѓаните над 40 годишна возраст, а 33 проценти од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза на полнолетната популација е 47, а со две дози 44 проценти. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во земјава е вакцинирана, а 35 проценти примила две дози вакцина.

- Реклама -