Досега необјавен валцер напишан од Шопен случајно откриен по 200 години

Партитурата, испишана на картичка со рачно напишаното име на Фредерик Шопен, беше пронајдена од куратор пролетта, објави Њујорк Тајмс во неделата.

„Помислив: Што се случува овде? Што би можело да биде ова? Не ја препознав музиката“, изјави кураторот Робинсон Меклелан.

Тој не бил сигурен дека делото е всушност на Шопен, откако ги фотографирал нотите и ги отсвирил на клавирот дома.

Тој разговарал со академик од Универзитетот во Пенсилванија, кој е експерт за полскиот композитор, пред Морган да заклучи дека откритието е вистинско по тестирањето на мастилото и хартијата.

Утврдено е дека белегот одговара и на Шопен, вклучително и репродукција на стилизиран симбол за виолински-клуч, но и останати белези биле препознатливи за Шопен.

„Имаме целосна доверба во нашиот заклучок“, рече МекКлелан.

Ваквото откритие повторно ја разгорува дебатата за класичната музика, каде што извештаите и објавите на новооткриени дела на познатите автори се дочекуваат со многу скепса, поради долгата историја на фалисификати.

Ретки се новооткриените дела на Шопен, кој починал во 1849 година на 39 години. Иако тој е една од најомилените фигури на музиката тој беше помалку плоден од другите композитори, пишувајќи околу 250 дела, речиси целосно за соло пијано.

Музејот верува дека новооткриеното дело потекнува од 1830 до 1835 година, кога Шопен бил во своите рани 20-ти години.

- Реклама -