Досега 2.000, а им требаат 10.000 потписи на децата со посебни потреби

Околу 2.000 од потребните 10.000 потписи досега имаат собрано родителите на деца со посебни потреби, за да поднесат иницијатива до Собранието за измена на одредени закони за да им се олесни животот.

Тие со своите деца три дена кампуваа во паркот Жена Борец спроти самото Собрание, но книгата за потписи и понатаму ќе биде на истото место.

Родителите бараат измени на закони и подзаконски акти, со кои на децата ќе им се овозможи соодветна здравствена и социјална заштита.

Според нив, еден од најтешките проблеми со кој се соочуваат е – што ќе се случи со овие деца по смртта на родителот, и велат дека имаат предлог како може да се реши ова прашање, бидејќи сега децата со посебни потреби, откако ќе им починат родителите, најчесто завршуваат во психијатриските установи во Бардовци и во Демир Капија.

- Реклама -