Досадниот интернет на Северна Кореја има само 28 веб-страници

north-korea-internet-computer[1]

Во светот има повеќе од 140 милиони .com и .net домени на интернет. Има и милиони вебсајтови за секој национален код-домен на секоја посебна земја, како што се .de за Германија, .cn за Кина, .mk за Македонија.

Северна Кореја, една од најзатворените земји во светот, не е голем фан на интернет и веб мрежата, и досега немавме појма колку вебсајтови има регистрирано под нивниот национален код .kp.

Во вторникот, наводно по грешка, Северна Кореја погрешно го конфигурираше својот нејмсервер – практично листата што ги содржи информациите за сите домени што постојат под .kp, овозможувајќи секој да ја преземе листата. Со други зборови, систем-администраторите на С. Кореја дозволија секој да ѕирне во чудниот свет на севернокорејскиот веб.

„Сега ја имаме комплетната листа на домен имиња за земјата, и ги има изненадувачки многу малку“, вели Мет Брајант – инженерот за компјутерска безбедност кој дозна за грешката – за Motherboard.

„Не мислевме дека има многу интернет ресурси во Северна Кореја, и… бевме во право“, вели Даг Мејдори од компанијата Dyn, која го мониторира користењето на интернет и пристапот на светско ниво.

Според „протечените“ податоци, С. Кореја има само 28 регистрирани домени.

147438808424976[1]

Некои од овие сајтови не се ни достапни, можеби заради тоа што откако Брајант ги откри се преоптоварени со сообраќај. Ионака нема многу што да се види – најголемиот дел од нив изгледаат прилично банални, како на пример тој на државната авиокомпанија Air Koryo или на универзитетот Kim Il Sung.

Други пак, како што е сајтот на официјалниот весник на комунистичката партија на С. Кореја, ни даваат малку поинтересен увид во (пропагандните) нештата:

„Ким Јонг Ун им испрати роденденски честитки на наставниците пред пензија“, (или нешто слично) вели еден од насловите. Друг гласи: „Криминалот поврзан со наркотици во пораст кај младите С. Корејци“.

Од Hacker News пак, успеале да добијат пристап до некои од недостапните сајтови. Еден од нивните корисници пишува на пример за friend.com.kp – кој се чини дека е копија на Фејсбук, друг за portal.net.kp – кој се чини дека е копија на Yahoo, или korfilm.com.kp – кој личи на копија на movie4k (вебсајт за пиратерија).

1474388103940686[1]

Брајант ја открил грешката и ја преземал датата бидејќи тоа му е работа – ги мониторира сите домени за овој тип на грешки, и опсервира што прават земјите со своите домен нејмсервери, кој во суштина се именикот на интернетот.

„Кратката верзија е дека сум нерд кој е опседнат со DNS“, се шегува Брајант, и додава дека земјите често ги чуваат овие податоци во тајност, па вреди да се грабнат додека се може. И ете, благодарение на него, сега знаеме нешто повеќе за малиот и досаден веб на Северна Кореја.

- Реклама -