Да дарувате среќа некому е можеби најдобриот начин да бидете самите среќни. Да ја видите радоста во очите на другите секогаш создава радост.
Еве неколку едноставни работи кои можеме да ги направиме за да им подариме малку среќа на луѓето околу нас, на оние кои ги сакаме.
Насмевнете се! И направете го тоа повторно.
Јавете се без повод – само да ги прашате најблиските како се.
Подарете цвеќе.
Згответе нешто вкусно.
Кажете смешен виц.
Кажете „Те сакам!“ Без посебен повод.
Подарете убава книга.
Простете, кога искрено ќе ви се извинат.
Прегрнете некој.
Испијте едно кафе со најблиските.
Отидете на кино или во театар.
Молчете заедно.
Покажете дека се гордеете со вашите најблиски.
Излезете им во пресрет, кога имаат потреба од вас.
Љубете. Постојано и несебично.
Бидете самите вие среќни и емитувајте среќа.