Доме, сладок доме!

Малите домови се повеќе барани на пазарот. Сè повеќе атрактивни стануваат минијатурните домови со квадратура  до 50 квадратни метри. На оваа површина еден добар  дизајнер може да постигне чуда. Погледнете  неколку убави мали куќи, кои одвнатре сепак се луксузно опремени:

Куќа во Монтесито, Калифорнија

Површина: 47 квадратни метри

Цена: 1.199 милиони долари

Со  неа следува  и двор од 1.09 хектари.

Таа била изградена во 1960 година, уште пред овие мали станови да станат модерни.

Куќа во Ашланд, Орегон

Површина: 20 квадратни метри

Цена: 33 000 долари

Овој дом Андреј и Габриела Морисон,  го изградиле сами. Во цената од 33 000 долари се вклучува сè,  без душеците. Тие  имаат комплетно опремена кујна и бања во нормална големина.

Кајакарска куќа во Беј

Површина: 37 квадратни метри

Цена: 79 000 – 124 900 долари

Се работи за мобилен дом.

Куќа во Бејфронт, Флорида

Површина: 35 квадратни метри

Цена: 475 000 долари

Тоа е она што го добивате за половина милион долари на плажа во Флорида.

Куќа во  Колорадо

Површина: 12.6 квадратни метри

Цена: 27 350 долари

Ќе имате и поглед кон Карпести планини.

- Реклама -