Домашна маска против првут

Првутот е чест проблем со кој се соочуваат голем број луѓе.Дури и по употребата на шампон против првут, или  различни третмани ситуацијата не е многу променета. Обидете се со некои домашни рецепти за лечење првут. Се работи за природни производи, па можно е да ви помогнат. Во продолжение погледнете дел од нив.

Лимон

limon

 

Лимонот делува како состојка против првут.  Помешајте лимон со топло кокосово масло и нанесете го на косата и темето. Масирајте се 10-15 минути и оставете го да стои пола час. Потоа имијте ја косата со обичен, послаб шампон.

Јогурт

2

 

Помешајте сок од лимон и јогурт. Применете ја оваа маска против првутот на косата и темето. Оставете 45 минути, а потоа измијте ја косата, како во претходната маска. Јогуртот ја чисти кожата и го уништува првутот. Меѓудругото, оваа маска ја омекнува косата и ја чини лесна за одржување.

Лист или цвет од хибискус

hibiskus

Цвеќето или листот од хибискус е многу ефикасен за коса. Можете да го користите како маска против првут или за зголемување на волуменот на косата. Ставете лист или цвет од хибискус во вода и ставете го на шпорет, а потоа дозволете да се олади. Извадете го и направете тесто од него. Додадете малку кокосово масло и масирајте го темето со него 45 минути, пред миењето на косата. Оваа маска го третира првутот, ја чисти кожата, го забрзува растот на косата.

 

- Реклама -