Средствата за чистење на теписите не мора да бидат купени, тие може да ги направиме самите со неколку состојки земени од кујната.
Ова средство за чистење на теписи е поефтино од купечките, апсолутно безопасно, без премногу хемикалии, а главното е- многу ефикасно. И што е најважно- тоа навистина го чисти вашиот тепих.
Ќе ви биде потребен празен распрснувач, во кој ќе ставите:
– 1 лажица сода бикарбона
– 1/3 чаша оцет (околу 70 мл)
– врела вода (околу 300 мл)
– 1 лажица детергент за облека
Измешајте и нанесете на дамките и чистете со леснотија. Или почекајте да се исуши па поминете со правосмукалка.