Домашно припремен пилинг кој ќе го “УБИЕ” целулитот

Време е за на плажа, кратки фустанчиња и жешки панталончиња. Вашите нозе треба да изгледаат како на Бијонсе во рекламата за Пепси, но сепак вие имате некаде на вашите бутки целулит. Сигурно антицелулитните креми не ви помогнале, ниту пак антицелулитните масажи, но во потрага за решението не смее да се запре. Па затоа обидете се и со овој евтин домашно припремен пилинг против целулит.

Претпоставуваме дека сте приметиле дека скоро сите антицелулитни креми содржат кофеин. Тоа е затоа што кофеинот го зголемува протокот на крв и ги намалува масните наслаги под кожата. Тоа и Вики ДеРоса го истакнува, девојката која го основа здравствениот он-лајн клуб “V Well Health”, па затоа најпрепорачуваниот домашен рецепт содржи голема количина на кафе.

Состојки:
-Еден ден стар, талог од кафе (било каков талог од кафе)
-маслиново масло
-крупна морска сол
-фротирска ракавица за триење (или нешто слично)

Начин на припрема
Во голем сад измешајте една шолја талог од кафе, маслиновото масло и сол. Густината треба да биде средна, а количината на сол зависи од тоа дали сакате груба или нежна пилинг смеса. Се препорачува една кафена лажичка сол

35 минути пред туширање, со ракавицата за триење нанесете ја смесата на нозете, бутовите и задницата (доколку сакате можете и на цело тело, но ќе ви треба поголема количина). Откако ќе се намачкате, замотајте се со пешкир или пластична фолија, и почекајте 30 минути. Доколку ова го правите една недела, резултатите би требало да ве фасцинираат.

Доколку и ова не ви успее, ќе мора да се помирите со фактот дека целулитот е нормална работа за поголемиот дел од жените, и никако не влијае на перцепцијата и вкусот на мажите за жените(со исклучок на метросексуалците). Целулитот е резултат на хормонот естероген (науката толку испитала, понатаму не истражува, зошто нема логика) кој е женски хормон и влијае на масните наслаги. Доколку ја намалите неговата застапеност на вашето тело, тоа ќе биде краткорочно. Но вие можете да ја продолжите борбата, исто како Сизиф, со среќа.

Единствените жени кои немаат ни трошка целулит се професионалните бодибилдерки, а тоа го постигнале со хормонска терапија на тестастерон и различни допинзи за зголемување на мускулна маса. А да, и со секојдневно напорно вежбање.

Единственото логично нешто што можете да го пректикувате против целулитот, е да ги намалите масните наслаги на вашето тело со исцрпувачки вежби и џогирање. Но за жал, доколку напорно вежбате и џогирате, некој може да ве види испотени и без шминка. Сепак ова е Македонија.

- Реклама -