Домашни ќебапи со ајвар по рецепт на Џејми Оливер

file-36139015-710x476[1]

Џејми Оливер го изнагледавме во улога на промотор на здравата исхрана. Сé нешто салати, нешто… зеленчук. Ама Џејми Оливер е пред сé – гурманиште и знае што е најдобро за него и неговите другари. Затоа, денес ви го претставуваме неговиот рецепт за ќебапи на скара.

„Тортиљите полнети со месо на скара (ќебапи) и сос од црвени пиперки  (ајвар), се идеален оброк за кога ќе ти дојдат другарите. Направете ги ќебапите барем неколку часа пред да ги ставите на скарата, а идеално ќе биде ако ги направите вечерта пред да ги печете“, пишува Џејми на својата веб страница.

Потребно за 10-12 ќебапи (според Џејми доволно за 6 лица, според балкански стандарди за едно, максимум 2):
– 750 грама мелено јунешко месо
– 400 грама мелено свинско месо
– 1 главица и 4 чешниња лук
– 2 лажички сода бикарбона
– 1 лажица црвен пипер
– 1 јајце
– 150 милилитри кисела вода
– маслиново масло
– 1 главица кромид
– 1 китка магдонос

– 6 тортиљи

Во голем сад ставете го јунешкото и свинското месо, потоа излупете и исецкајте четири чешниња лук. Додајте ја сода-бикарбоната, пиперот и зачините. Додајте јајце и со раце измешајте ја смесата, а потоа сипете кисела вода, за сето тоа да се соедини.

Месото поделете го на 10 или 12 делови, а потоа секој дел обликувајте го во форма на колбас т.е. ќебап – нека биде долг околу 10 сантиметри, а широк околу 2 сантиметри. Ставете ги ќебапите на подмачкана тепсија, прекријте ги со фолија и оставете ги во фрижидер да отстојат.

Печете ги на скара, или во тава на шпорет на средна температура, не подолго од 15 минути (или додека не се готови).

Џејми предлага да ги послужите на топли тортиљи, премачкани со ајвар.

0g-qVjh-KseBwqk1qWaKa0[1]
- Реклама -