Домашна смеса за депилација готова за 3 минути

Високите температури со себе носат и лесна облека која ја открива кожата. Доколку за време на зимските денови не водевте толку грижа за ваквите ситуации, сега е неопходно да го направите тоа, а првиот чекор се разбира е отстранувањето на влакната. Доколку сакате да го прескокнете одењето во козметички салон, направете си домашна смеса за депилација која е готова за две минути.

Потребно:

– 1 шолја шеќер
– 1/4 шолја мед
– половина лимон
– стапче за сладолед
– памучни ленти
– густин

Подготовка:

1. Состојките измешајте ги во еден сад
2. Ставете ја смесата во микробранова на најсилна температура околу 2 минути
3. На секои 30 секунди промешувајте
4. Која ќе се стопат и соединат состојките оставете малку да се оладат, па преместете ја смесата во плиток стаклен сад
5. Оставете да се олади до собна температура, и започнете со употреба.

Совети за поефикасна употреба:

1. Пред депилацијата секогаш внимавајте вашата кожа да биде совршено чиста и сува. Откако добро ќе ја измиете со сапун и ќе ја исушите, нанесете густин во тенок слој, а вишкот отстранете го. Ова темелно ќе ги исчисти маснотиите, ќе ја заштити кожата, и ќе овозможи полесно отстранување на смесата со која се депилирате.

2. Со стапчето од сладолед нанесете ја смесата, а над неа ставете памучна лента. Отставете да отстои нешто помалку од минута, и со брзи чекори повлечете спротивно од растот на влакната.

3. Повторете ја постапката се додека не ги отстраните во целост.

- Реклама -