Домашен сок од цреша по рецепт на нашите баби

Сокот од цреша е незаменлив пијалок за време на топлите летни денови. Се прави на различни начини, ви ја предлагаме традиционалната и најздравата верзија на овој сок без конзерванси.

Израдувајте се себеси и вашето семејство, со помош на овој стар, домашен рецепт…
За домашен сок од цреша ви треба:– 3 кг цреши– 1,5 l вода– 40 гр лимонтос– шеќер (колку литри течност – толку килограми шеќер)
Подготовка:Црешите исчистете ги и измијте ги. Ставете ги во поголем сад, прелијте ги со вода и додадете сок од лимон. Изгмечете ги со раце додека не ги извадите семките од секоја цреша.
Оставете ги мелените цреши да отстојат 24 часа, па процедете ги (преку метална цедалка или газа, зависи дали сакате погуст или бистар сок).
Додадете иста количина шеќер на количината на добиениот сок (на пример, ако сте добиле 5 литри сок, додадете 5 кг шеќер).
Сокот се става на шпорет, на силен оган и додека се загрева, се меша да се растопи шеќерот. Оставете го сокот да зоврие само еднаш (околу 2 минути вриење), а потоа оставете го да се излади и додајте го лимонтосот.
Кога сокот од црешни ќе се излади доволно, истурете го во стаклени шишиња и чувајте го во фрижидер или на друго ладно и суво место.
Сподели ја веста:

Извор