Време е за сладолед, подгответе го овој вкусен десерт и изненадете ги пријателите.
Состојки
200 мл. слатка павлака
200 мл. кисела павлака
6 портокали
100 г. шеќер
1 рендана кора од портокал
Подготовка
Сите шест портокали исцедете ги, додадете во сокот шеќер, киселата павлака и подготвената кора од портокал која треба прво добро да се измие, се вари и се меша тоа во блендер.
Додадете ја во сладоледот. Кога ќе ги соедините сите состојки, на крајот додадете ја и изматената слатка павлака.
По свои избор можете да ставите чоколадо. На крајот ви останува да го замрзнете и да уживате во овој вкусен десерт.