Домашен сируп за исфрлање на шлајмот од организмот

Доколку ве мачи кашлица и имате потешкотии да го исфрлите шлајмот, направете си го овој ефикасен домашен сируп.

Потребно ви е:

– лажица од сушен корен од бел слез
– лажица ленено семе
– лажица жалфија
– 1 лимон, исечен на ситни резенки
– 250 мл. вода
– 250 г. кафеав шеќер

Подготовка:

Сипете вода во помал сад, а потоа додадете го и шеќерот. Откако ќе се растопи, додадете ги останатите состојки и гответе на ниска температура околу 15 минути. Смесата тргнете ја од оган и исцедете.

Пијте по една лажичка од овој сируп три пати дневно. Употребувајте го се додека не се чувствувате подобро. Сирупот чувајте го во фрижидер.

- Реклама -