Домашен пилинг од цитрон за кожа без брчки

Цитронот е надалеку познат по својата улога во губитокот на килограмите, но дали знаевте дека ова чудесно овошје помага кога е кожата во прашање. Кога се применува локално, лимоновата киселина ги отстранува мртвите клетки од кожата со цел да добие посветол изглед. Цитронот исто така содржи алфа хидроксилна киселина – состојка која ја зголемува цврстината на надворешниот слој на кожата, што значи дека ќе имате помалку брчки.

Потребни состојки:

1 чашка шеќер

1/4 шолја маслиново масло

2 лажици сок од цитрон

Подготовка:

Измешајте ги состојките, натопете ги прстите со вода и потоа нанесете ја смесата на лицето со масирање и тријте две минути. После тоа, исплакнете со топла вода.

Забелешка: Доколку имате чуствителна кожа или исекотини на вашето лице, не би требало да го испробате овој пилинг, бидејќи е можно да дојде до иритација.

- Реклама -