„Домаќински“ методи за миење на мрсните нечисти раце

Кога станува збор за механички поправки на вашиот автомобил или велосипед, разни поправки низ домот или пак копање во градината, неизбежна мисла се упорните валкани раце и долгото миење што ве чека по завршената работа. Уште еден, помалку воочлив проблем, е што честата работа со рацете ја суши и ја распукува кожата. Во отсуство на специјално индустриско средство за миење, помош може да најдете во неколку секојдневни намирници во домот, што не само што ќе ве остават со чисти раце, туку и ќе се погрижат за вашата кожа.

 

Млеко и овесно брашно.

ku-bigpicСо мешање на млеко и овесно брашно, се добива густа паста, со која можете да ги истриете рацете. Пастата ќе ја отстрани нечистотијата, притоа навлажнувајќи ги рацете, оставајќи ги со чувство на мекост, свежина и чистота. Уште подобро, ќе ги намали шансите за формирање на мали пукнатини и бразди на кожата – резултат на долгата работа.

 

Спреј за готвење.

9239118438_4078bbab50Разредувачот на боја не е штетен за рацете, но дефинитивно ги суши, што ве остава со непријатно чувство на груба кожа. Како алтернатива, можете да користите спреј за храна (оној истиот што се прска на тавата пред печење). Испрскајте убаво и истријте ги рацете. Бојата би требало да отпадне речиси веднаш.

 

Шеќер.

bakingsodahandsУште еден метод, а можеби и наједноставен, е да користите шеќер. Употребете една супена лажица шеќер и малку вода и Измијте ги рацете како што тоа обично го правите. Ако нечистотијата е упорна, за засилување можете да додадете малку течен сапун. Перфектно работи и можете да го најдете во секој дом.

 

- Реклама -