Долги прсти=финансиски успех

Повеќе... Должината на домалиот прст кај мажите се покажа дека е показател на успешноста во трговските зделки. Големината на домалиот прст се одредува пред раѓањето, што се должи на изложеноста на фетусот на машкиот хормон андроген.


150fingers.jpgДолжината на домалиот прст кај мажите се покажа дека е показател на успешноста во трговските зделки. Големината на домалиот прст се одредува пред раѓањето, што се должи на изложеноста на фетусот на машкиот хормон андроген.

Научниците изгледа немале поважна работа па направиле истражување во кое ги измериле десните раце на 44 брокери од машки пол кои биле вклучени во зделки во кои биле одговорни за донесување одлуки и брза физичка реакција.

После 20 месеци оние чиј домал прст бил поголем од показалецот заработиле 11 пати повеќе пари од оние на кои прстот им бил помал. Оние со поголемо искуство направиле девет пати повеќе пари од оние помалку искусните. Кога би се анализирало врз основа на искуството, оние со подолг домал прст заработиле пет пати повеќе од оние со пократок.

Според истражувачите, големината на домалиот прст ја сигнализира изложеноста на фетусот на машки хормони и се покажа дека поголемата изложеност т.е. поголемата должина на домалиот прст исто така сигнализира и успех во активното тргување кое вклучува преземање на ризици и брзо реагирање, но тоа не значи дека во спротивен случај оние со помал прст не би се снашле во друг вид на финансиски активности. [Finger length may predict financial success]

- Реклама -