Избришете го веднаш.
Пропустот што го открија вработените во Microsoft, овозможува да се внесе произволен код на далечина.
Компанијата Аdobe објави денес безбедносен билтен во кој наведува дека открила критичен пропуст (име на кодот:CVE – 2015 – 0313) во својот софтвер Flash player што овозможува да се внесе произволен код на далечина кој се користи за напад на оперативните системи.
Adobe работи на корекција која треба да биде готова во следните неколку дена.
Додека корекцијата не биде објавена, корисниците се повикани да деактивираат flash player и да ја користат безбедносната алатка EMET што ја направиja Microsoft за да ја ограничaт опасноста од злоупотреба на пропусти.
Меѓу верзиите погодени од тие пропусти се наоѓа и верзијата 16.0.0 296 која е објавена пред седум дена, но и некои промени на верзијата 13.x и 16.x.
Пропустот сега се користи за напад на оперативните системи како што е Windows 8.1 преку навигатори како што се Internet explorer и Firefox.