Социјалната мрежа „Facebook“ се наоѓа во потенцијален проблем, бидејќи и се заканува сериозна тужба за повреда на приватноста на корисниците. Доколку го загуби спорот, компанијата ќе мора да плати 10.000 долари за секое кршење на приватноста на корисниците, во текот на изминатата година.
Според тужбата поднесена уште во декември 2013 година, „Facebook“ ја скенирал содржината на приватните пораки на корисниците за потребите на огласувањата. Со самото тоа го прекршил актот на приватност на електронската комуникација и законот за приватност и нелојална конкуренција на Калифорнија.
Доколку некој корисник во текот на допишувањето со пријателите разменил некаков линк од друга веб-страница, „Facebook“ ги следел со цел да собере информации за корисникот, за да на крајот создаде профил на неговите активности, стои во обвинението. Исто така, оваа социјална мрежа би го пренасочила линкот од пораката и на фан-страницата на бараната адреса, и автоматски би ја активирал опцијата „ми се допаѓа“.
Интернет гигантот се обиде да ги отфрли овие обвиненија тврдејќи дека ваквите скенирања биле законски, бидејќи не отскокнувале од стандардните рамки на дејствувањето на „Facebook“. Во судот во Калифорнија во средата беше донесена одлука дека е прифатена тужбата против социјалната мрежа, по што ќе следува и судење.