Изгледа дека животот на Ким Кардашијан прикажан во нејзиното „реалити“ шоу и не е до толку реален. Откриено е дека сцената во која нејзиниот наскоро поранешен маж Крис Хамфрис ја запросува е снимена повеќе пати.
Овие информации се наоѓаат меѓу судските податоци кои Крис Хамфрис ги приложил на судот пред почетокот на бракоразводната парница со старлетата со која беше во брак само 72 дена. Крис на овој начин се обидува да докаже како старлетата се омажила со него само за да го подигне нејзиниот публицитет и за да би заработила повеќе пари.
Имено, сцената во која Крис ја запросува Ким е снимена неколку пати, а кадровите во кои таа од својата мајка бара совети за нејзиното стапување во брак, се наводно доснимени бидејќи парот веќе поднел документи за развод.
Сцената со просидбата била повторена повеќе пати бидејќи Ким не знаела како ќе ја запроси па сакала нејзината реакција на прашањето да биде најверодостојна.
„И беше срам. Сакаше да се повтори се, бидејќи, како што рекла, сакала да изгледа многу изненадено“ изјавил за магазинот „Life&Style“ продуцентот Расел Џеј.