Одредени материјали во СЈО тековно се бришат, а има и зошто.
Во разговор на обвинители со „Дојче веле“, околу наводната усна наредба за „форензичко бришење на компјутерите“, тие објаснуваат дека се работи за постепено отстранување на материјали, но само од персоналните компјутери на стручните соработници. Тоа е случај и со незаконски следените комуникации – откако се преслушани сто отсто од „бомбите“ и истите му се предадени на Специјалното обвинителството, тие материјали се бришат од компјутерите на истражителите, бидејќи веќе нема потреба тие да работат со нив, со оглед дека сите материјали се веќе предадени на обвинителите. Ова се прави од безбедносни причини и не може да биде поврзувано со случајот „Рекет“, објаснуваат од СЈО. Подетално објаснување и целата статија прочитајте ја на „Дојче веле“ (ЛИНК).