12 лица обвинети за упадот во Собранието на 27 април добиле решение за амнестија, потврди претседателот на Кривичен – Иван Џолев во „24 анализа“ на ТВ 24. Соопштение беа и имињата. Информациите ги потврдуваат и од Основниот суд Скопје 1 Скопје за „А1он“.
Амнестија за „крвавиот четврток“ добија следниве пратеници: Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски, Љубен Арнаудов и Јохан Тарчуловски.
Покрај нив, барањето за амнестија е одобрено и за вработените во кабинетот на поранешниот претседател на Собранието – Елена Божиновска и Иван Цветановски, потоа за обвинетите Захарије Симовски, браќата Стефан и Михаил Младеновски, Митре Питроповски и Илија Славевски.
Судијката Добрила Кацарска, од непотврдени извори, останала доследна на својот став и одлуката ја оставила на Кривичниот совет.
Нови одлуки се очекуваат утре.