И додека глacините за влошеното здравје и cмpтта на севернокорејскиот лидер како бypa го зафатија светот, Ким Џонг-ун, се чини, си ги брка секојдневните работи.
Севернокорејскиот државен весник Rodong Sinmun објави дека лидерот на Северна Кореја испратил честитки до работните кои работеле на изградбата на Samjiyon city, кој е еден од најамбициозните проекти во Северна Кореја, пренесува Russia Today.
Како што објави весникот денеска (недела), Ким Џонг-ун „испратил благодарност“ до работниците инволвирани во изградбата на „идеалното социјалистичко село“.
Градот, кој се смета за родно место на таткото на Ким и претходен лидер – Ким Џонг-ил, е во фаза на комплетна реновација и трансформација во град предводник, со нови железнички станици, нова електрична и телекомуникациска инфраструктура и стотици нови згради. Лоциран е во подножјето на Mount Paektu – „светата планина“, која Ким ја посетуваше во последниве години. На почетокот на декември Ким Џонг-ун и официјално го инаугурираше реновираниот град, со раскошна церемонија.
Веста за благодарноста на Ким до работниците, сепак, не ги згаснува глacините дека тој е, во најмала рака, на cмpтна пocтела. Не помогна ни тоа што Кина и Јужна Кореја, па и американскиот претседател Доналд Трамп, искажаа отворена резерва околу информациите дека нешто се случува со Ким Џонг-ун. Напротив, гласините дополнително се разгopeа откако сателитски снимки го лоцираа неговиот воз во близина на неговиот луксузен комплекс во градот Вонсан. Прочитајте ТУКА.