Модата постојано се менува, но и се враќа. Доказ за тоа се и ретро шеширите кои оваа година повторно влегоа во мода на голема врата.
Не дека не беа и минатата сезона модерни, но, овој пат, ќе ги гледаме во малку поинакво, поелегантно издание. Имено, сламените шеширчиња од минатото лето сочувајте ги уште неколку месеци во ормарот, и збогатете ја вашата колекција со еден малку поголем, волнен и дамски шешир, кој оваа пролет е вистински хит.
Без разлика на тоа дали ќе сте облечени лежерно или елегантно, овој едноставен моден детаљ кој дава прекрасна нота на грациозност ќе предизвика секогаш да изгледате мистично и нежно.
Предност имаат земјените и неупадливи бои, но оние похрабрите можат да експериментираат и со посмели изданија. Доколку вашата мајка не сочувала некое слично шеширче во нејзината колекција, или пак се уште немате набавено еден ваков примерок, време е да го направите тоа бидејќи изгледа одлично.