Коментарите за Kaspersky Internet Security 2015 се убедливо позитивни откога производот е објавен.
Следните подобрени функционалности објаснуваат зошто:
1. Kaspersky безбедни пари: Повеќето од нас сега ги прават сите банкарски трансакции онлајн, што значи дека потребно ни е тие финансиски трансакции да бидат толку сигурни, исто како да се случуваат во внатрешноста на сефот во банката. Kaspersky безбедни пари додаде нови нивоа на безбедност за да се заштитат сите онлајн трансакции и набавки, вклучувајќи ги оние со банки или кредитни картички.
2. Заштита на идентитетот: Најновата „anti-phishing“ технологија ве заштитува од еден од најчестите закани за вашиот идентитет, додека функцијата Secure Keyboard оневозможува било какви keylogging- програми кои би можеле да ги крадат вашите лозинки.
3. Заштита во секое време: Бенефитот да се има производ поддржан од истражување водено од водечките експерти во индустријата за безбедност, е тоа што вашиот систем ќе биде зашитен од постојано ажурирани безбедносни протоколи против сите најнови закани кои се појавуваат.
4. Родителска контрола: Сакале или не, вашите деца ќе бидат на интернет. Наградуваната родителска контрола на Kaspersky ви дозволува да ги следите нивните активности и да ги блокирате било кои сајтови кои ќе ги изберете.
5. Известувања за Wi-Fi безбедност: За оние корисници во движење, знаејќи дека безжичната мрежа на која се поврзуваат е безбедна е императив. KIS 2015 ја оценува безбедноста на мрежата, барајќи пропусти и ве известува ако користењето на одредена мрежа ќе преставува закана на вашиот систем.
6. Минималено црпење на CPU: Програма за безбедност не вреди многу ако го држи вашиот систем безбеден, но користи толку многу од ресурсите на компјутерот што програмите и функционалноста на системот се бавни како полжав. KIS 2015 работи во позадина, нудејќи максимална заштита додека користи минимални ресурси од системот за да го оддржи вашиот компјутер безбеден и целосно функционален.
7. Зашита на веб-камерата: Веб-камерите се одличен начин да останете во контакт со семејството, пријателите и колегите, но тие исто така стануваат цел за напаѓачите, кои неславно биле во можност да се здобијат со далечински пристап на овие уреди со срамни резултати. KIS 2015 ги алармира корисниците секогаш кога некоја апликација се обидува да добие пристап до веб камерата, и им овозможува на корисниците да одобрат пристап на програми како Skype или Hangouts, додека ги блокираат сите други освен ако корисникот експлицитно дава дозвола.