Истражувањата направени на Хардвард, покажале дека студентите од машкиот пол со највисоки оцени биле најмалку среќни, продуктивни, прилагодливи, и имале пониски примања во средното доба од животот, од своите колеги со пониски оцени.
Во Илиноис од 81 дипломирани средношколци кои биле првенци на генерација, само четворица биле со највисок статус во својата одбрана професија. Десет години подоцна останатите биле со понизок статус од своите колеги со среден успех. Според Арнолд Карен, професор на универзитет во Бостон, добрите оцени значат дека тој или таа се добри во нешто што е мерливо со оцена, а тоа ништо не кажува како ќе реагираат и како ќе се снајдат во сето она што ги чека во животот.
Ова значи дека ако се буткаат децата со сила кон целта која ја замислиле родителите, или тие самите, можат да се создадат несреќни возрасни луѓе, или во крајна линија, умерено среќни.
Исто така многу се греши кога се мисли дека коефициентот на интелегенција (IQ) е пресуден за здрав урамнотежен и среќен живот. Тој помага, пожелен е да биде повисок, но индивидуата може да биде среќна и исполнета и како занаетлија, а не само како научник или врвен уметник.
И кога сме кај овој коефициент, еве ја неговата вредност кај некои познати личности: Алберт Ајнштајн 160, Наполеон Бонапарта 145, Микеланџело 180, Дарвин 165, Леонардо да Винчи 220, Каспаров 190 итн.
Инаку просечно интелигентен човек има IQ од 70 до 110 поени. Според истражувањата жолтата раса има највисок просечен IQ. Сигурно си го поставувате прашањето дали луѓето со висок IQ се среќни? Истражувачите велат: НЕ. Таквите луѓе си ја поматуваат среќата со разни можни комбинации, претпоставки и решенија за нештата.
И на крајот како заклучок: Не е воопшто спорно дека е битно образованието, но за успешен живот и среќа потребно е многу повеќе од добри оцени или студирање на скап елитен факултет. Урамнотеженоста, емоционалната зрелост, самопочитта и самодовербата се многу поважни и попотребни нешта за успешен живот.