И за оваа вештина важи правилото дека вежбањето е поважно од талентот. За совршено уживање во сексот е важно да сте запознаени со теоријата, односно да знаете како тоа функционира, да имате пракса, но клучот лежи и во познавањето на сопственото тело.
Нурнете во книгите
Не ви велиме дека треба да ја знаете целата анатомија на телото, туку едноставно, да имате општо познавање за тоа како би го распламтиле ова искуство.
Запознајте се себеси
Вие најдобро знаете што ви носи задоволство во сексот. Без да се срамите, инсистирајте токму тоа и да го остварите.
Разговарајте со партнерот
Доколку сакате вашиот секс да биде подобар од просечниот, тогаш не би требало да ги избегнувате разговорите со партнерот токму за тоа.
Средете ги мислите
Размислете за тоа колку ви значи и ве исполнува сексот и каква улога игра тој во вашиот живот. Дали ве исполнува кога е без обврски, дали сакате романтичен секс, или пак нешто трето. Во секој случај, немојте да се плашите од промени и уживајте во работите кои вас ве прават среќни.