Зошто на добрите жени им се случуваат лоши момци?

Ако сте уверени дека сте магнет за кретени, размислете повторно. Лесно е да се дојде до тој заклучок ако веќе неколку пати сте биле во катастрофална врска со некој дечко што е целосна спротивност од вашиот совршен маж. Меѓутоа, постојат повеќе причини зошто секогаш завршувате во таква ситуација.

Мислите дека нема добри мажи

Ако не верувате дека таму некаде постојат „вистински“ (или добри) мажи, тогаш логично е да влезете во врска со каков било дечко, затоа што тоа ви се чини како единствена опција. Искрено размислете за вашите критериуми во врска со мажите и прашајте се дали можеби вие грешите некаде? Го барате ли невозможното? Престанете да верувате дека добрите мажи се изумрен вид.

Не знаете каков, всушност, треба да биде добриот маж

Ако никогаш сериозно не сте поминале време во замислување на вистинскиот маж покрај себе, тогаш мала е веројатноста дека ќе успеете да го препознаете во вистинскиот живот. Прашајте се каков карактер барате, кои позитивни особини ги сакате и со кои негативни страни би можеле да живеете. Познавањето на квалитетите што ги барате кај вистинскиот маж води до самозапознавање. А ако не се разбирате ни себеси, тогаш како би знаеле каков партнер ви е потребен?

Дури и кога сте со погрешен партнер, не раскинувате

Некои жени умеат да препознаат дека се плеткаат со погрешен маж и поради тоа ја прекинуваат врската и продолжуваат понатаму. Меѓутоа, постојат и жени кои во таквите врски остануваат многу подолго отколку што е здраво или потребно. Можно е и вие да се држите до врската со погрешниот партнер, само поради тоа што не знаете како да прекинете со него. Бидете сигурни во тоа што го сакате и достоинствено напуштете го погрешниот партнер.

Прочитајте и:  16 дена активизам против родово базирано насилство - “Лузни на издржливост, гласови на надеж”

Не сакате да бидете сами

Понекогаш жените влегуваат во врски само поради тоа што не можат да бидат сами, и на тој начин се впуштаат од една погрешна врска во друга. Не заборавајте дека нема ништо лошо во тоа повремено да бидете сами. Всушност, тоа е ви е потребно за да научите од грешките од минатата врска и да продолжите со нови сили во идната.

Верувате дека лошиот маж може да го направите добар

Можеби патите од комплексот на спасителка. Можеби ви е потребен некој што ќе го „поправите“. Или едноставно сте наивни или преголеми оптимисти. Иако е можно да го промените партнерот во делумно подобра личност, мала е веројатноста дека ќе го направите тоа ако тој не сака да биде променет. Од друга страна, шансите дека тој ќе сака да се промени драстично за вашите желби и потреби, се неверојатно мали.

Ве привлекуваат такви типови, затоа што вие привлекувате такви типови

Повеќе ви се допаѓаат „лоши“ момци? Можно е секогаш да барате погрешен маж поради тоа што потсвесно се обидувате да ја „поправите“ минатата пропадната врска или затоа што вашиот татко имал слични карактеристики.

- Реклама -