Добрата Кореја против Немирната Кореја

Австралискиот дневен весник, Бризбејн Метро, во изданието од средата, објави табела со моменталните олимписки медали. Во табелата, Северна и Јужна Кореја добија нови имиња, по што следуваше лавина реакции…

Откако фотографијата од исечекот стана вирална, многумина го изразија својот револт од ваквиот потег, нарекувајќи го расистички (иако во суштина се работи за истиот народ, поделен од различното државно уредување и режимот на Ким Јонг Ун), дипломатска катастрофа, навреда, итн.

Сепак, на крајот победи австралискиот хумор. Целата оваа случка е смешна, затоа што е вистинита… [Australian paper rebrand the Koreans]

- Реклама -