Добил работа вложувајќи шест долари во Google оглас (видео)

alec_brownstein-300x230Алек Браунстајн е совршен пример за тоа како со малку храброст и креативност може да се успее во животот. Тој забележал дека луѓето сакаат да ги “гуглаат“ своите имиња, па дошол до идеја на Google AdWords да ги откупи имињата на петмината директори во компаниите во кои сакал да работи, за што платил 6 долари. Така, кога некој на Google ќе ги побарал сопствениците на тие имиња се појавувал и огласот во кој Браунстајн им се обраќа на директорите барајќи работа во нивната компанија, а идејата му успеала четири пати.


Алек Браунстајн е совршен пример за тоа како со малку храброст и креативност може да се успее во животот. Тој забележал дека луѓето сакаат да ги “гуглаат“ своите имиња, па дошол до идеја на Google AdWords да ги откупи имињата на петмината директори во компаниите во кои сакал да работи, за што платил 6 долари. Така, кога некој на Google ќе ги побарал сопствениците на тие имиња се појавувал и огласот во кој Браунстајн им се обраќа на директорите барајќи работа во нивната компанија, а идејата му успеала четири пати.

Бидејќи имињата на тие луѓе не е се нешто кое често се бара на Google, било доволно шест долари за четворица од петмината директори да го забележат огласот и да го контактираат, а после интервјуто, двајца од нив му понудиле и работа. Дeнес тој работи во Young & Rubicam во Њујорк, компанија која баш поради оваа приказна често се споменува во повеќе медиуми, вклучувајќи го и CNN.

{youtube}7FRwCs99DWg{/youtube}
- Реклама -