ДНК тестови за откривање таленти

ДНК тестови за откривање талентНаучниците од детскиот камп во Чонгкингу, Кина, се надеваат дека благодарение на науката ќе успеат да направат револуционерен подвиг во начинот на одгледување деца. Триесетина деца на возраст од 3 до 12 години и нивните родители учествувале во новата програма која со користење на ДНК тест ќе ги утврдува генетските предиспозиции на децата, со цел тие да бидат насочени кон она за коешто се талентирани.

Жао Мингјуо, авторот на проектот, кога чул за овој нов метод и новата технологијата, веднаш знаел дека таа може да биде од голема помош за Кина и оти ќе постигне голем успех и во светот. „Во денешно време, сите земји во светот се натпреваруваат која земја има повеќе таленти, а ние на кинеските деца можеме да им осигураме ефикасен научен план за усовршување додека се сè уште мали. Со овој план ќе им помогнеме да ги развијат своите таленти“ вели Жао.

Тестовите за откривање на генетска предиспозиција или талент преку ДНК ги спроведува “Shanghai Biochip Corporation”, преку земање брисови од устата. Научниците тврдат дека плунката содржи 10.000 ќелии, кои им овозможува да изолираат 11 различни гени. Набљудувајќи ги одблизу генетските кодови, научниците со помош на плунката можат да дојдат до податоци како што е коефициентот на интелигенција на детето, фокусираноста, концентрацијата, помнењето, спортските и физичите способности итн.

Тестирањето на плунка сепак не е евтино. Родителите кои ќе сакаат да ги откријат вродените таленти на своето дете, со цел да го поттикнат нивното развивање, за тестот мора да издвојат околу 880 американски долари. Во нашата земја сè уште нема вакви тестови, но многу родители се заинтересирани да ги откријат талентите на своите деца, притоа  често пати правејќи и грешки, обидувајќи се преку нив да ги реализираат своите нереализирани соништа.

И на крајот еве еден интересен постер кој може да помогне без компликувани и скапи ДНК анализи. Постерот е изготвен од прим. д-р Руменка Калајџиска–Крпач, специјалист по спортска медицина. Се однесува за спортот, но применлив е и важи и за другите таленти кај децата.
ДНК тестови за откривање таленти

- Реклама -