ДНК роботи кои еден ден би можеле да шетаат во вашето тело

nano_robotiНаучниците создадоа микроскопски роботи од ДНК молекула кои можат да одат, па и да создаваат мали производи на својата сопствена нано производна линија. Овој фантастичен изум еден ден би можел да доведе до создавање на војска од хирурзи-роботи кои би ги чистеле човечките артерии или би се користеле во производството  на компоненти за компјутери.


Научниците создадоа микроскопски роботи од ДНК молекула кои можат да одат, па и да создаваат мали производи на својата сопствена нано производна линија. Овој фантастичен изум еден ден би можел да доведе до создавање на војска од хирурзи-роботи кои би ги чистеле човечките артерии или би се користеле во производството на компоненти за компјутери.

article-1278133-098FF1F0000005DC-494_634x286

Група научници од Универзитетот Колумбија во Њујорк создадоа пајак-робот со големина од само четири нанометри во дијаметар. За споредба, тоа е околу 100.000 пати помало во однос на пресекот на влакно од косата.

Молекуларните роботи привлекоа големо внимание бидејќи се програмирани да бидат чувствителни на околината во која се наоѓаат и да реагираат на неа. На пример, тие би можеле да ги забележат знаците на некоја болест, да увидат дека таа е канцерогена, па да ја достават супстанцијата за нејзиното уништување.

И други т.н. „ДНК шетачи“ беа развиени во минатото, но тие никогаш не можеа да поминат растојание поголемо од неколку чекори.  Овие можат да поминат 100 нанометри, што е отприлика околу 50 чекори. Следниот потег на научниците ќе биде да најдат начин да го забрзаат движењето на нано-пајакот со што би се направил програмски подостапен за да извршува повеќе наредби. [Meet the nano-spiders: The DNA robots that could one day be walking through your body]

- Реклама -