Ѕирнете во дневната соба на најславните

Сте посакале ли некогаш да ѕирнете како живеат славните личности? Ништо страшно, сите сакаме да зграбиме дел од приватниот живот од оние на кои им се восхитуваме. Погледнете дел од дневните соби на најславните и најмоќните во Холивуд.

Стинг

Стинг и неговата сопруга, актерката и продуцент Труди Стајлер неодамна го реновираа својот дом од 18-от век во Лондон, во едноставен и елегантен стил.

Џенифер Анистон

Актерката што стана позната по улогата во најпопуларниот ситком до сега, „Пријатели“, ја реновираше резиденцијата на Харол В. Левит во Беверли Хилс. Просторната дневна соба со поглед на езерце е место каде што Анистон често прави забави. Таа вели дека создавањето на домот е исто толку важно колку и живеењето во него.

Џерард Батлер

Симпатичниот Џерард Батлер живее во просторен стан без многу ѕидови, во населбата Челзи во Њујорк. Порано, неговиот стан од преку 300 метри квадратни бил складиште, но сега изгледа навистина импресивно.

Роб Лоу

Роб Лоу и неговата сопруга Шерил, ја изградија својата куќа од соништата на брегот на Пацификот, во Калифорнија, на огромен имот недалеку од Санта Барбара.

Даен Китон

Даен Китон својот дом го создаде во Беверли Хилс, остварувајќи ја желбата да има простор за живеење уреден во стилот на колонијална Шпанија.

- Реклама -