Џорџија го забрани абортусот по шестата недела од бременоста

Судијата на Врховниот суд на округот Фултон, Роберт МекБурни, го блокира законот на 30 септември, тврдејќи дека тој ги крши правата на приватност и слобода гарантирани со државниот устав

Највисокиот суд во американската држава Џорџија ја врати речиси целосната забрана за абортус по околу шест недели бременост.

Врховниот суд на Џорџија нареди забраната да стапи во сила во понеделник во 17 часот по локално време. Организацијата „Систер сонг“ со седиште во Атланта поднесе тужба со која ја оспорува забраната.

„Денес, Врховниот суд на Џорџија застана на страната на екстремистите против абортусот. Секоја минута во која е во сила оваа штетна забрана за абортус по шестата недела, народот на Џорџија страда“,

рече извршната директорка на „Систер сонг“, Моника Симпсон.

Судијата на Врховниот суд на округот Фултон, Роберт МекБурни, го блокира законот на 30 септември, тврдејќи дека тој ги крши правата на приватност и слобода гарантирани со државниот устав.

Законот ги забранува речиси сите абортуси откако ќе се открие „срцева реакција“, обично околу шестата недела, пред многу жени да сфатат дека се бремени. Законот беше усвоен во 2019 година, но не стапи во сила сè додека Врховниот суд на САД во 2022 година не го поништи долгогодишниот преседан „Роу против Вејд“, кој го гарантираше правото на абортус на национално ниво.

- Реклама -