Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се запиша со златни букви во историјата на светскиот тенис станувајќи првиот светски тенисер на кого му успеало три пати едноподруго да слави на Австралија Опен во Мелбурн!
Ѓоковиќ до војата нова гренслем титула стигна откако во денешното финале со 3-1, во сетови 6-7,7-6,6-3 и 6-2 славеше против Енди Мареј. Во меч кој почна со максимално изедначена игра Мареј го доби првиот сет во тај-брекот, но се останато понатаму беше игра на Србинот кој уште еднаш покажа зошто е во моментов светски рекет број еден. Неизвесност имаше уште само во вториот сет, а потоа Ѓоковиќ лесно ги доби последните два за конечен триумф.
Новак Ѓоковиќ на тој начин ја запиша 11-та победа од вкупно 18 мечеви досегашни одиграни против Енди Мареј. Успеа притоа да ја запре и мини-серијата на Британецот кој славеше на претходните две нивни средби.
[youtube]rSJhfGSrdDo[/youtube]