Легендата на Милан, и италијанскиот фудбал, Џенаро Гатузо е нов тренер на Хајдук Сплит, официјално соопштија од хрватскиот клуб.
Тој потпиша договор со тимот до летото 2026 година, а следната недела ќе пристигне во Сплит за да биде претставен пред навивачите на стадионот Пољуд и да започне со работа.
Четириесет и шест-годишниот тренер до неодамна беше на чело на Марсеј, каде што беше на чело на 24 натпревари во периодот од септември 2023 година до февруари 2024 година.
Хрватското првенство ќе биде седмо различно првенство во досегашната тренерска кариера на Гатузо.
Неговиот најголем успех како менаџер досега е освојувањето на Купот на Италија со Наполи во 2020 година.