DJ BAJ:NO во Клуб Јагода

Bечерва во 20.00 часот во Клуб Јагода во Битола ќе се одржи мултимедијалниот перформанс на DJ артистката од Белград, Србија DJ BAJ:NO. Нејзиниот настап е посветен на креативните индустрии.

 Железничката станица во Битола е локацијата со која Клубот Јагода покажа како е да се промени запоставената страна на градот со урбана култура и настани, на свој начин.Затоа БИТОЛА ОТВОРЕН ГРАД ќе биде таму од 20.00 часот.

,,Дојдете на настан кој е и славење на електронската музика, но и на креативните индустрии. Спој на уметност, дизајн и иновации додека креативците и некои стартапи од областа на дизајнот и модата ги прикажуваат своите колекции. Од визуелни уметности ставени на аксесоари и маици до рециклирани предмети кои наоѓаат примена во секој дом во кој живеат естети. Овој настан ќе го истакне неверојатниот потенцијал и различноста во креативниот сектор кај нас” велат организаторите.

Прочитајте и:  Културната асоцијација „Ремонт“ од Белград – дел од панел дискусија на „Битола отворен град“
- Реклама -