Дизелот и ЕУРОСУПЕР БС-98 со поевтина цена од полноќ

Дизелот од ноќеска на полноќ поевтинува за еден денар по литар, а цената на ЕУРОСУПЕР БС-98  се намалува за половина денар, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,54 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 77 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 79, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 72,5, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 72 денара за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,281 денари за килограм се зголемува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 41,517 денари.

Прочитајте и:  РКЕ: Издадени 254 лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,355 отсто, кај дизелот за 2,341, а кај екстра лесното масло за 2,138 отсто, додека кај мазутот има зголемување за 0,219 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,566 отсто.

- Реклама -