Лејди Гага ноќта во Белград ја помина во луда забава во Бетон сала (Савамал), но и во стриптиз клуб, кој беше отворен само за неа и вереникот, актерот Тејлор Кини.
Фановите кои дежураа пред лобито не добија шанса да се сликаат со омилената пејачка. Обезбедувањето беше немилосрдно, а тројца млади се дури и исфрлени.
Во Савамал го привлекоа вниманието на шетачите, а потоа седнаа во еден познат локал и по неколку пијачки одлучија да одат на вечера. Избраа ресторан во чие мени има виетмански специјалитети.
Еве како Лејди Гага се подготвува гола за Белград
Како што тврдат изворите, поп дивата воопшто не е размазена, дури и вработените во хотелот пријатно ги изненадила.
– Пејачката не е ниту арогантна ниту напорна, што овде многу ги воодушеви. Не претерува во барањата, па дури и кога станува збор за храната. Јадеше она што беше на менито, и околу тоа не правеше никаков проблем- рече извор за „Blic“.
– Гага остава добар бакшиш. Колку точно, не можам да ви кажам, но не е скржава- додал изворот.