Од Disney најавија дека го купуваат Lucasfilm за неверојатни четири милијарди долари и веќе подготвуваат Lucasfilm проект – Star Wars VII, по што ќе создадат и Star Wars VIII и Star Wars IX во два дела.
The Walt Disney Company најави дека се согласила да го купи Lucasfilm Ltd., компанија во комплетна сопственост на Џорџ Лукас, во зделка која чини 4,05 милијарди доклари. Lucasfilm е најпозната по создавање на Star Wars филмовите и е лидер во индустријата на визуелни ефекти преку нивната компанија Industrial Light & Magic, и аудио ефекти преку Skywalker Sound.
„Транзакцијата спојува портфолио од светска класа – во кое е опфатен и Star Wars – со уникатната креативност на Disney во бизнис, маркетинг и способноста за генеррирање раст и долгорочна вредност“ изјавил Роберт А. Игер, претседател на The Walt Disney Co., во изјава за медиумите.
„Сега е време да го предадам Star Wars на нова генерација креатори“ додал Лукас. „Искуството и способностите на Disney ќе му овозможат на Lucasfilm да создаде новитети во филмовите, телевизијата и интерактивните медиуми.“ Неколку часа по најавата Дизни на инвесторите им кажа дека Лукас изразил желба за пензионирање и дека „постои детален план за следните три Star Wars филмови“ што ќе биде моменталниот фокус.
Според претходна најава, првиот филм, Star Wars Episode 7, е „наменет за премиера во 2015 година“. Star Wars филмовите до сега имаат заработено 4,4 милијарди долари во целиот свет. Сега Disney, компанија која во 2009 година го купи Marvel Entertainment за речиси иста цена, ги контролира двете најпрофитабилни филмски серии – The Avengers и Star Wars.