Dismaland – семејниот парк, што би го вознемирил секое дете

Најпопуларниот современ уметник во Велика Британија – Банкси, отвори нова изложба, наречена Dismaland која тој ја опишува како „семеен тематски парк, несоодветен за деца“.

banksy-theme-park-dismaland-26

Создаден како пародија на Дизниленд, забавниот парк е сместен во една напуштена зграда на воден парк. Тој располага со чудни изложености, како кочија од тиква на Пепелашка во која принцезата е мртва, опкружена од папараци, и други слични креации.

banksy-theme-park-dismaland-21 banksy-theme-park-dismaland-24 banksy-theme-park-dismaland-25

Овие дела се создадени од страна на повеќе од 50 уметници од целиот свет, вклучувајќи ги Демијан Хирст и самиот Банкси. Другите атракции во паркот вклучуваат кино, мини голф, циркус и друго.

banksy-theme-park-dismaland-15 banksy-theme-park-dismaland-8 banksy-theme-park-dismaland-4

За денешниот ден се предвидени настани во живо, со учество на различни уметници, како Pussy Riot и Massive Attack.

Во чудниот свет на Банкаси работат исто толку мрачни услужувачи кои изгледаат сосема незаинтересирани, во врска со тоа дали се корисни.

banksiizlozba3 banksiizlozba2 banksiizlozba1

Турата низ паркот започнува со апсурдна проверка на чувари, при што посетителите треба да стојат на една нога и да одговораат на прашања од типот „носите ли лигњи или еднорози?“.

Инсталацијата е сместена во просторија на стар воден парк, порано позната како Тропикана, кој е затворен во 2000 година. Dismaland не е постојана изложба и ќе остане на ова место за период од пет недели – меѓу 22 август до 27 септември 2015 година.

85086445_85086444

- Реклама -