Флуоросцентните слики и биометрискиот чип на задната страна се совршени заштитни мерки од копирање и фалсификување. А овој ги има во толку голема мера што во мрачна просторија сосема го менува изгледот, факт што дефинитивно го сместува на листата на најинтересни и најатрактивни пасоши.
Дизајнот е толку оригинален и… флуоросцентен, што многумина велат дека е супер погоден како акцесоар за журкање и специјални ефекти.
Новиот канадски пасош се појави во средината на 2013-та година, но дури сега станува хит на Интернет. Можеби до неодамна никој не ги забележал скриените УВ слики што воопшто не се забележуваат на дневна светлина?